Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Началникот на украинската армија: Напредуваме во Суми

Вооружените сили на Украина го држат непријателот на фронтот – особено во правец на Суми, каде што спроведуваат активни операции и постигнуваат успех во напредувањето и ослободувањето на украинските територии, објави Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, на социјалната мрежа Фејсбук.

Според UNN, Сирски го напишал соопштението по состанокот на Штабот на Врховниот командант.

„Тешко е. Но, го држиме непријателот настрана. Спроведуваме активни операции во правец на Суми и постигнуваме одредени успеси во напредувањето, во ослободувањето на украинската земја“, нагласи Сирски.

Според него, единиците што учествуваат во борбените операции ќе добијат дополнителни средства.

„Според наредбата на претседателот, секоја бригада ќе добие дополнителни 7 милиони гривни (околу 145 илјади евра, оп. а.) за секој батаљон што учествува во борбени операции“, објави Врховниот командант на вооружените сили на Украина.

Тој, исто така, извести дека се подготвуваат одлуки за други потреби и прашања што беа покренати за време на работните обиколки на единиците.

Дополнително, според него, се отстранува прекумерната бирократија од армијата.

„Постапката за доделување на воините кои ги заслужиле највисоките почести ќе биде подобрена и поедноставена со цел да се избегнат непотребни административни пречки. На седницата на Штабот, се согласивме и за потребата од скратување и дигитализација на постапката за отпишување на средства“, рече Сирски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ ВО ВЕРСКАТА СЛИКА НА СВЕТОТ – Ново истражување предвидува пресврт до 2035 година

ДЕСК

ОСОМНИЧЕН ЛИДЕР НА НЕОНАЦИСТИЧКА ГРУПА ПОЧИНА ВО ШПАНИЈА – Претходно бил опфатен со полициска акција

ДЕСК

ОБВИНЕНИЕ ЗА УНИШТУВАЊЕ АМЕРИКАНСКИ ВОЕН АВИОН – Штета од 60 милиони долари на аеродромот Шенон

ДЕСК