8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Влада
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Орбан сам против ЕУ: Не ја потпишувам изјавата за поддршка за Украина

Унгарија е единствената членка на Европската Унија што не ја потпишала заедничката изјава за поддршка на Украина. Документот беше поддржан од преостанатите 26 членки на ЕУ, а во него се наведува дека Украина мора да учествува во одлучувањето за сопствената иднина.

Долго време Унгарија има затегнати односи и со Украина и со мнозинството членки на ЕУ и се смета за најблизок сојузник на Владимир Путин во Европа. Премиерот Виктор Орбан претходно предупреди дека приемот на Украина во ЕУ „веднаш ќе ја вовлече Унијата во директен конфликт“.

Утрово, тој ги наведе причините за тоа зошто не ја потпиша изјавата: „Оваа изјава се обидува да постави услови за состанок, на кој лидерите на ЕУ, дури и не се поканети“.

„Доволно е лошо што ЕУ е тргната настрана. Единственото нешто што би било полошо е ако почнеме да даваме инструкции од клупата“, напиша Орбан.

Тој додаде дека, според него, „единствениот разумен потег на лидерите на ЕУ е да иницираат самит ЕУ – Русија, моделиран според состанокот САД – Русија“.

Ова не е првпат Орбан да се спротивстави на заедничката позиција на ЕУ за Украина. Унгарија претходно го оспори воведувањето европски санкции против Русија пред на крајот да попушти и одби да потпише некои претходни декларации за поддршка на Украина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

C +

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

C +

Израел ги повика жителите на Газа да бегат кон југ пред офанзивата

C +