Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Русија се подготвува за нова офанзива, а не за крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската војска не се подготвува да ја заврши војната, туку презема чекори, што, како што вели тој, укажуваат на подготовки за нови офанзивни операции.

Во објава на социјалните мрежи тој им се заблагодари на лидерите на ЕУ за нивната поддршка за независноста и за територијалниот интегритет на Украина и нагласи дека единството на ставовите не смее да биде загрозено повикувајќи ги партнерите дополнително да го зголемат притисокот врз Русија.

„Заедно разговараме за прашања што се однесуваат на безбедноста на Украина и на Европа. Секоја одлука мора да придонесе за нашите заеднички безбедносни капацитети. И ако Русија одбие да го запре убивањето, таа мора да ја сноси одговорноста за тоа“, рече Зеленски.

Тој исто така го поддржа планот на американскиот претседател Доналд Трамп за одржување самит со рускиот претседател Владимир Путин. „Навистина, сите ја поддржуваме решителноста на претседателот Трамп и заедно мора да формираме ставови што нема да дозволат Русија повторно да го измами светот“, рече Зеленски.

Тој додаде дека сè додека војната и окупацијата продолжуваат, сите мора да продолжат со притисокот – преку воена сила, санкции и дипломатија. „Им благодарам на сите што помагаат. Мир преку сила“, заклучи украинскиот претседател./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНЕНИЕ ЗА ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА ВО СИЛИЦИУМСКАТА ДОЛИНА – Руски државјанин осомничен дека следел вработени во американска одбранбена компанија

ДЕСК

БРИСЕЛ ПОДГОТВУВА НОВИ 45 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА УКРАИНА – Еве за што се наменети парите

ДЕСК

ТРАМП ПРОГОВОРИ ЗА СЕРИЈАТА ТЕХНИЧКИ ПАДОВИ ВО САД – Тврди дека проблемите со банките, авиосообраќајот и комуникациите се одвоени

ДЕСК