„Во јуни цените на растителното производство се зголемени за 22,2%, а на добиточното за 6,9%. Но, ако се погледнат поединечните категории, поскапувањата се уште подраматични. Компирот е поскап за 56,7% во однос на лани, житата и оризот за 25,5%, зеленчукот за 23,9%, а овошјето и грозјето за 15,4%“, изјави пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната прес конференција на партијата.
Тој нагласи дека овие поскапувања се директен удар врз животниот стандард на граѓаните:
„Овие бројки не се резултат на раст на платите или пензиите, туку на нестабилни пазари, високи влезни трошоци и шпекулативно формирање на цените. Кога основните прехранбени производи, кои секое семејство ги купува секојдневно, поскапуваат со двоцифрени стапки, тоа значи дека секоја недела и секој месец граѓаните можат да си дозволат сè помалку.“
Битиќи потсети и на најновите ценовни индикатори кои јасно укажуваат дека граѓаните имаат се помалку пари а платите стагнираат:
„Индексот на трошоци на живот во јули е за 4,8% повисок од истиот месец лани, а индексот на цени на мало за 5,3%. Само еден месец претходно овие стапки изнесуваа 4,5% и 3,7%. Тоа значи дека цените забрзуваат, а примањата стагнираат – што е најлоша можна комбинација за стандардот.“
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...