11. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Општина Гостивар
ЛОКАЛНО

Валбон Лимани додели признанија на учениците од Летното училиште 2025

Четврта година по ред, Општина Гостивар ја организира Летната школа, каде учениците се ангажираат и за време на летниот распуст.

На доделувањето на признанијата за учество во оваа летна школа присуствуваше и градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, кој им честиташе на учениците за учеството и им се заблагодари на менторите за нивниот ангажман во текот на овој месец.

„Денес заврши летната школа во која беа вклучени околу 200 деца, во повеќе области. Имаше кошарка, ракомет, ликовна уметност, албански јазик за децата на иселениците и значителен број деца на иселениците кои оваа година се пријавија на мајчин јазик, и се надевам дека следната година овој број ќе се зголеми“, изјави Лимани.

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, потенцира дека овие активности биле добро прифатени од децата и дека ова е четврта година по ред што Општината ја организира оваа летна школа.

„Ова е четврта година по ред и се надевам дека ќе продолжи и следната година, правејќи ја традиција, а со голема веројатност ќе ги зголемиме и активностите во уште неколку други области“, рече Лимани.

Инаку, Летната школа што ја организира Општина Гостивар е активност за учениците за време на летниот распуст, со цел што повеќе да ги оддалечи од мобилните телефони во летниот период и истовремено да се откријат нови таленти.

Можеби ќе ве интересира

Минатата недела санкционирани се 100 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

ДЕСК

Герасимовски: Детска атлетика со Кокан Ајановски на Кејот на Вардар, ве чекаме во среда во 19 часот!

ДЕСК

Скопјани пијат безбедна вода

ДЕСК