Centar.mk
фото: Фејсбук страна на Венко Филипче
-МАКЕДОНИЈА

Луѓето на Црвенковски со пофалби за Филипче

Во интервју за Радио Канал 77, во емисијата „Стадион“, поранешниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски Циц рече дека кандидатот на СДСМ Мартин Костовски има многу добри шанси за избор на градоначалник на претстојните локални избор.

Тој одговори на повеќе прашања за неговите контакти со актуелното раководство на СДСМ и за односите со некои поранешни лидери на партијата.

„Со Филипче не се сретнувам често. Еднаш кога се видовме и ми понуди соработка. Не прифатив заради моите години, заради мојот политички концепт, но имам добро мислење. Како интетелктуалец го почитувам, професионалниот дел го почитувам. Во моментот тој ги задоволува критериумите да биде лидер на СДСМ“, рече Дамјановски.

Дамјановски рече дека Мартин Костовски е добар избор за градоначалник и соодветно партиско решение.

„Со Бранко Црвенковски воспоставивме одлични односи после мојата победа на локалните избори во 2006 кога СДСМ беше во тешка летаргија. Од тогаш со Бранко имаме прекрасни односи, тој е исклучително коректен, го почитувам многу. Се среќаваме, имаме заеднички средби, зборуваме за политика. Жално е што не е во политиката“, рече во емисијата „Стадион“ на Канал 77 поранешниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски Циц.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК