10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Робот спасил ранет украински војник од бојното поле, објавена снимка

Припадници на 118. механизирана бригада на Оружените сили на Украина објавија снимка која го прикажува евакуирањето на ранет војник од бојното поле со помош на копнен роботски систем. Овој настан уште еднаш ја истакнува растечката улога на современите технологии во спасувањето човечки животи во воени услови, пишува „Украинска правда“.

„Операторите на копнените роботски системи од 2-та чета на 23-та посебна стрелачка баталјонска единица на 118-та механизирана бригада го спасиле ранетиот војник. Војникот бил спасен со помош на борбената копнена платформа“, стои во објавата на бригадата. Иако од бригадата не откриле точна локација или време кога е снимката, истакнале дека јасно прикажува како технологијата спасува животи на првата линија на бојното поле.

Ова не е првпат што беспилотни системи се користат за евакуација. Неодамна, логистичкиот дрон Тор-800, кој припаѓа на 13-та бригада „Хартија“, спасил живот на војник со тешка повреда на ногата. Претходно, истата бригада успешно евакуирала ранет војник користејќи копнен робот кој поминал растојание од 12 километри.

Сепак, употребата на роботи надминува логистички и спасувачки мисии. Припадници на 3-та посебна јуришна бригада првпат користеле копнени роботи за заробување руски војници, додека разузнавачката служба за одбрана на Украина ја демонстрирала борбената способност на овие системи, објавувајќи снимка на робот кој отвора оган од митралез на руски позиции во Сумска област./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Се ситнат часовите кога Трамп и Путин повторно ќе се видат очи во очи – Подготвени за состанокот на векот?

ДЕСК

Зеленски остро им одговори на Трамп и Путин: Украинците нема да му ја дадат својата земја на окупаторот

C +

„Волстрит џурнал“ го објави планот за мир на Путин

C +