Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Во Европа нема повеќе место за бегалци од Украина?

Британските власти сè повеќе ги отфрлаат барањата на украинските мигранти за продолжување на нивниот престој, објави Би-Би-Си на руски јазик. Од почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година, повеќе од 250.000 Украинци добија визи преку програмата „Домови за Украина“, која неодамна беше затворена, пренесуваат медиумите во регионот.

Властите сега масовно ги отфрлаат барањата за трајна заштита, тврдејќи дека западните делови на Украина се безбедни. Би-Би-Си објавува дека позитивните одлуки станаа исклучок, дури и во случаи на тешко болни луѓе.

Слични извештаи за построгите критериуми беа објавени и во други британски медиуми, како што се Гардијан и Телеграф.

Во други делови од Европа, се преиспитува и ставот кон украинските бегалци. Во Германија е предложено намалување на бенефициите, а во Полска расте незадоволството поради начинот на живот на одредени бегалци./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА ВОЕНА ЕСКАЛАЦИЈА ВО ГАЗА – Израелски тенкови навлегле во подрачје надвор од линијата на контрола

ДЕСК

АМЕРИКАНСКИ СУД ЈА ПРОДОЛЖИ ЗАБРАНАТА ЗА СПОМЕНИКОТ НА ТРАМП – Изградбата останува блокирана до 3 декември

ДЕСК

ТРАМП СО НОВА ПОРАКА ПРЕД СРЕДБАТА СО ПУТИН – Се најавуваат и одделни разговори за војната во Украина

ДЕСК