Утрово 54 годишен маж си ја убил својата 84 годишна мајка во Штип.
МВР за медиумите информира дека трагедијата се случила на 8-ми август околу 2 часот во семејниот дом на убиецот и мајката.
Според достапните информации убиецот со остар предмет и нанел убодна рана на својата 84 годишна мајка, по што таа починала.
Лекарите можеле да констатираат само смрт.
Полицијата уште рано изутрина нешто по 4 часот по полноќ го уапсила осомничениот, а јавен обвинител наредил обдукција врз починатата жена.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...