Centar.mk
СВЕТ

Гори во Грција: издадена наредба за итна евакуација

Голем шумски пожар избувна денес во областа Каравадос на грчкиот остров Кефалонија, а издадена е наредба за евакуација на три области, јавуваат грчките медиуми.

Пожарот избувнал во земјоделска и шумска зона, а ангажирани биле 20 припадници на противпожарната служба со седум возила, како и членови на планинската спасувачка служба и волонтери, објави „Катимерини“.

„Доколку се наоѓате во областите Каравадос, Доризата и Керамис, засолнете се и упатете се во правец на Аргостоли. Следете ги упатствата на властите“, се наведува во известувањето на противпожарната служба.

Четири авиони и два хеликоптера исто така помагаат во гаснењето на пожарот, пишува грчкиот весник./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТАЈВАН И ЕУ ГИ ЗАЈАКНУВААТ КОНТАКТИТЕ – Европски пратеник со порака за самостојно одлучување

ДЕСК

ГРАНИЦАТА МЕЃУ СИРИЈА И ЈОРДАН ПОВТОРНО СЕ ОТВОРА – Во тек истрага за смртоносни воздушни напади

ДЕСК

САД И ИРАН ВО НОВА ФАЗА НА ТЕНЗИИ – Пентагон ги пресметува трошоците на војната

ДЕСК