Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Го реконструираме училиштето „11 Октомври“, учениците добиваат модерни услови

Општина Центар започна со реконструкција на ООУ „11 Октомври“ во населбата Пролет, како дел од континуираните заложби за подобрување на условите во сите општински училишта.

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во моментов се изведуваат градежно-занатски активности кои вклучуваат замена на подовите во 3 кабинети и 5 училници, обновување на подовите со стругање и лакирање во дополнителни 3 училници, гипсарски работи и предвидено е молерисување на целиот училиштен објект.

„Летниот период го користиме за подобрување на условите во училиштата во Центар. Оваа недела, неуморно работиме на реконструкција на школото ’11 Октомври’, за учениците да имаат подобра настава. Секоја реконструкција е вложување во иднината, а здравата, чиста и функционална средина е предуслов за квалитетно образование и за личен развој на учениците. Остануваме посветени на тоа сите деца во Центар да учат во модерни и безбедни услови, без исклучок“, вели Герасимовски.

Оваа реконструкција доаѓа по низа инвестиции во истото училиште, досега беше темелно реконструирана училишната трпезарија со површина од 165 квадратни метри, варосана беше фискултурната сала и беа целосно обновени тоалетите.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК