Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека руските сили што се борат во близина на градот Вовчанск во Харковската област вклучуваат странски платеници од Кина, Таџикистан, Узбекистан, Пакистан и неколку африкански земји.
За време на посетата на 57. Одделна моторизирана пешадиска бригада, која го брани секторот Вовчанск, Зеленски се сретна со командантите за да разговара за ситуацијата на бојното поле, борбените операции и потребата од пешадија.
Во Вовчанск, кој е на само пет километри од руската граница, се водат интензивни борби откако Русија почна нова копнена офанзива во регионот Харков во мај 2024 година.
„Војниците на овој фронт го забележуваат учеството на платеници од Кина, Таџикистан, Узбекистан, Пакистан и африканските земји во војната. Ние ќе одговориме“, рече Зеленски.
Тој додаде дека разговарал за регрутирање и зголемување на пристапот до технологијата на беспилотни летала, клучен фактор во тековните напори на Украина за одбрана и извидување.
Во април, Зеленски рече дека „неколку стотици“ кинески граѓани учествуваат во војната на страната на Русија. Кина негираше вмешаност, велејќи дека ги повикува своите граѓани да избегнуваат вооружен конфликт. Москва, исто така, употреби околу 12.000 севернокорејски војници распоредени од Пјонгјанг за да се спротивстави на украинската инвазија на регионот Курск./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...