Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Регионална иницијатива за превенција од пожари на Западен Балкан

Во услови на зголемени ризици од пожари, започна регионална иницијатива за подигање на свеста за управување со пожари на ниво на предел во земјите од Западен Балкан. Иницијативата, поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има за цел да го поттикне интегрираното и одржливо управување со екосистемите, наместо традиционалниот пристап што се фокусира исклучиво на гаснење.

Пожарите оставија сериозни последици врз природата, економијата и животот на граѓаните, а над 90% од нив се предизвикани од човечка невнимателност — факт што укажува дека превенцијата е клучна.

Преку интерсекторска соработка, јакнење на локалните капацитети и активности на терен, иницијативата тежнее да создаде предели и заедници отпорни на пожари.

„Природата е наша заедничка одговорност. Со здружени напори можеме да постигнеме нула пожари предизвикани од човечки фактор,“ велат од Министерството./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА НЕСРЕЌА НА КРУЖЕН ТЕК – 77-годишник со мопед „томос“ паднал на патот, пренесен во болница

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО БИТОЛА – Уапсен 20-годишник, еве што пронашле полицајците кај него

ДЕСК

Тежок и вознемирувачки случај на насилство се случи синоќа во Охрид,објави powerinfo

ДЕСК