5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот

Јавната дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи на 11 август 2025 година со почеток во 9 часот во салата на Град Скопје барака 13 и тоа за Градска четврт СЗ 08 (од 9 до 10 часот), C3 15 (од 10 до 11 часот), C3 16 (од 11 до 12 часот), C3 18 (од 12 до 13часот) и C3 17 (од 13 до 14 часот).

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 08:
– од североисток: по оска на планирана траса на градска магистрална сообраќајница бул.“Илинден”;
– од југоисток: по оска на планирана траса на градска магистрална сообраќајница улица “Црногорска”;
– од југозапад: по оска на улица “Лука Геров”;
– од северозапад: по оска на “улица Лепенец”;

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 15:
– од север: по оска на Булевар “Партизански Одреди “;
– од исток: по оска на улица “Ѓорче Петров “;
– од југ: по оска на улица “Ѓорче Петров “;
– од запад: по оска на Булевар “Македонска Војска “;

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 16:
– од север: по оска на планирана траса на градска магистрала Бул. “Илинден” (постоечка улица 1409)
– од исток: по оска на планирана траса на улица “Ацо Шопов”;
– од југ: по оска на Булевар “Партизански Одреди”;
– од запад: по оска на Планирана траса на градска магистрала улица “Црногорска “(постоечка улица 1409)

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 17:
– од северисток: по оска на река Лепенец;
– од југоисток: по оска на река Вардар;
– од југозапад: по оска на планирана траса на градска магистрала Бул. “Илинден” (постоечка улица 1409);
– од северозапад: по оска на планирана траса на магистрална сообраќајница улица „Словенечка“.

Граници на опфат на Градска четврт СЗ 18:
– од исток: по оска на новопланирана сервисната улица ,,Фјодор Достоевски“
– од југоисток: по оска на сервисната улица ,,Ацо Шопов“
– од запад: по оска на новопланирана собирна улица ,,Ацо Шопов“
– од север: по оска на градска магистрала бул. “Илинден“.

Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје барака 16 или електронски на адресата gup@skopje.gov.mk

Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

(ВИДЕО) Герасимовски: Инвестициите во спортот се наш приоритет, фискултурната сала во Димитар Миладинов со нив лик

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК