Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Министерот за внатрешни работи Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера (30.07.2025) во Центарот за обука на кадри од безбедноста на МВР во Идризово присуствуваше на отпочнувањето на процесот на полагање на теоретскиот дел од стручниот испит за ракување со оружје.

„Со измените на Законот за оружје овозможивме Министерството за внатрешни работи да го спроведе овој дел од стручниот испит со што апликантите си го остваруваат своето право на полагање, нешто што беше во прекин речиси две години и не можеше да се спроведе од овластено правно лице“, истакна меѓу другото министерот Тошковски.

Практично, во наредните неколку недели согласно динамиката утврдена во рамки на активностите на надлежните служби во МВР, односно Одделот за граѓански работи над 1.000 лица ќе ги минат предвидените стручни тестирања, или како што нагласи министерот Тошковски со ова се заокружува еден процес на имплементација на најитните реформи од оваа област со кои беа засегнати повеќе страни и лица.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега а не за две години

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК