Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(40) и А.Н.(46), двајцата од Велес и правно лице со седиште во Шуто Оризари поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 од КЗ.

Тие во временски период од најмалку шест месеци, заклучно со 09.07.2025 на парцели во општина Шуто Оризари во сопственост на М.К. постапиле спротивно на законските одредби од чл.64 од Законот за управување со отпад и без да поседуваат дозвола за управување на отпад на предметните парцели складирале и транспортирале отпаден материјал, а на 09.07.2025 околу 08.45 часот складираниот отпад се запалил и бил предизвикан неконтролиран пожар.

Од страна на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на РСМ извршени се мерења и утврдено е зголемено ниво на загаденост од горењето на складираниот отпад.

Можеби ќе ве интересира

Вознемирувачки случај во центарот на Скопје: Жена пријавила недолично однесување на маж кој се самозоволувал пред неа

ДЕСК

Драма во училишен двор во Драчево: Дете почувствувало удар во грбот, до него пронајдено зрно од оружје

ДЕСК

Овчар од Форино пронајден починат во атарот на Врапчиште

ДЕСК