Centar.mk
фото Официјална фоторафија на МВР
-МАКЕДОНИЈА

За неколку часа уапсени повеќе возачи – управувале автомобили под дејство на алкохол

Денеска (27.07.2025) во 01.48 часот во Кочани, полициски службеници лишиле од слобода лице(36) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта.

Исто така, денеска (27.07.2025) во 02.40 часот на ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници лишиле од слобода лице (35) од село Моштица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „чироки“ со италијански национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,00 промили алкохол во крвта.

На 26.07.2025 во 13.25 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници лишиле од слобода лице од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,36 промили алкохол во крвта.

На 26.07.2025 во 21.49 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници лишиле од слобода лице (55) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвт.

Тие биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде повеќе мотоцикли поради безобзирно управување низ Скопје – Акцијата траеше до синоќа, напишани над 90 казни

ДЕСК

Денес се слават Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск – празник со силна порака за верата

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК