Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
default
-МАКЕДОНИЈА

Шукова и Ацевски: Приоритет за Ѓорче Петров ни е решавање на проблемот со водоснабдувањето

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денес заедно со Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСМ, ја најавија реализацијата на еден од најважните инфраструктурни проекти за општината, решавање на проблемот со водоснабдувањето.

„Денес во Ѓорче сме со Каја Шукова за да заеднички го адресираме еден од најгорливите проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите на нашата општина, проблемот со водоснабдувањето,“ изјави Ацевски. Тој нагласи дека „проблемот со притисокот на водата е алармантен“ и дека „во голем дел од Ѓорче, притисокот е до толку слаб, што граѓаните буквално добиваат вода капка по капка.“

Шукова посочи дека решавањето на овој проблем ќе биде врвен приоритет веднаш по преземањето на функцијата. „Како идна градоначалничка на Скопје, решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Ѓорче Петров ќе биде еден од моите врвни приоритети,“ рече Шукова.

Таа потенцираше дека решението е веќе подготвено: „Проектот ‘Оризарски рид’ веќе постои. Изготвен е од Градежниот институт на Македонија и има позитивна ревизија од ЈП Водовод и канализација.“ – посочи Шукова.

Проектот, според Ацевски, чини околу 3 милиони евра и опфаќа директен убод во главната водоводна линија со профил Фи 1600, изградба на пумпна станица и резервоар и поставување на потисен и повратен цевковод. „Ова е сериозен технички зафат што еднаш засекогаш ќе го реши проблемот со слабиот притисок на вода во нашата општина,“ изјави Ацевски.

Тие нагласија дека досегашното неажурирање на овој проект е директна последица на блокадите од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

За инцидентите со секира во Струмица, полицијата уапси едно лице – по друго распишана потерница

ДЕСК

Трагедија кај Гевгелија: Пронајден починат 36 годишен маж, полицијата излезе со детали

ДЕСК

Малолетници на 14 и 17 годишна возраст уапсени откако биле фатени како возат возило кое претходно било пријавено за украдено

ДЕСК