Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Насилна пресметка во Струмица: лице со секира во улична тепачка (ВИДЕО)

Сцена на физичка пресметка меѓу двајца мажи, од кои едниот во рака држи секира, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако видеото беше споделено од случајни очевидци.

Според непотврдени информации, инцидентот се случил доцна синоќа во централното градско подрачје на Струмица. Снимката, објавена на Фејсбук-страница, прикажува како првично вербален конфликт брзо прераснува во физичка пресметка на улица, со турканици и отворено насилство.

На видеото се гледа како едно од лицата замавнува со секира кон противникот, кој возвраќа со физички удари. Во конфликтот се вклучува и жена која се обидува да ги раздели, но ситуацијата продолжува да се влошува. По кратко време, граѓаните кои го снимаат настанот одлучуваат да се повлечат, загрижени за сопствената безбедност.

Нема информации дали во инцидентот е интервенирано од страна на полицијата, ниту дали некој е повреден. Се очекува институциите да излезат со официјални детали во текот на денот.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК