Centar.mk
фотографија: Центар.мк
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ГРМЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија неколкудневна прогноза

Од утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Дневната температура до четврток ќе биде во опаѓање, а од петок во постепен пораст.

Прогноза за 29.07.2025
Минимална температура: 12°Cдо 20°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Променливо облачно и посвежо со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 30.07.2025
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 26°C до 34°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 31.07.2025
Минимална температура: 9°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 34°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со најновата прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК