Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

Утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник ќе настапи позначителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и посвежо време со услови за повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со грмежи, особено во вторник. Дневната температура ќе биде во опаѓање и до средината на следната седмица се очекува да опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната.

Прогноза за 28.07.2025
Минимална температура: 13°Cдо 22°C
Максимална температура: 30°C до 36°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 29.07.2025
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Променливо облачно, нестабилно и посвежо со локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 30.07.2025
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 33°C

Сончево со умерена облачност. Попладне ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК