Centar.mk
РЕГИОН

СТРАШНАТА БУРА ЗАПОЧНА ВО РЕГИОНОТ: Силни дождови и град погодија делови од Хрватска – значително паднаа температурите

Силни дождови и град погодија делови од Хрватска, при што температурите значително паднаа, а влошувањето на времето со грмотевици и силни ветрови, според метеоролозите, ќе влијае на целата земја преку ноќ.

Регионите на Загреб и Карловац се под највисоко ниво на предупредување, што значи дека времето ќе биде исклучително опасно. Се очекуваат обилни дождови, особено преку ноќ.

Дирекцијата за цивилна заштита предупреди дека интензивните обилни дождови можат да предизвикаат урбани и ненадејни поплави.

„Особено апелираме до граѓаните што живеат во подрачја склони кон поплави да преземат навремени мерки за заштита на својот имот. Бидете одговорни и прилагодете ги вашите активности на временските услови – безбедноста е на прво место“, рекоа тие.

Естофекс издаде предупредување
Естофекс, европскиот систем за предупредување од бури, издаде предупредување од прво и второ ниво за Хрватска.

Можеби ќе ве интересира

Објавени цените на лежалките во Црна Гора, се движат од 12 евра па нагоре

C +

ВТОРА НЕСРЕЌА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА: Мал авион се урна во Хрватска, итните служби на терен

ДЕСК

Драмата во Грција не престанува: Нов силен земјотрес ги разбуди жителите, затворени некои училишта

C +