Centar.mk
БИЗНИС

УЈП со повик: Платете го веднаш достасаниот данок по ДЛД-ГДП и избегнете присилна наплата

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници, кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2024, да го исполнат својот даночен долг.

Во согласност со евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат намирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година, што требаше да се исполни во законскиот рок до 30 јуни.

„Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на достасаните неплатени долгови по овој основ, што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03 % дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата“, информира УЈП.

Дополнителни информации се објавени на страницата на УЈП, во делот плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ОДЛУКА, СЕ ГОТВАТ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Ќе има ли корекција на цените на бензинот и дизелот?

ДЕСК

Барел нафта повторно премина 112 долари

ДЕСК

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК