Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Песков: Средба меѓу Путин и Зеленски пред крајот на август е малку веројатна

Средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, пред крајот на август е малку веројатна, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков им рече на новинарите дека средбата на високо ниво меѓу Русија и Украина треба да стави крај на спорните прашања и да ги заокружи сите постигнати договори, пренесува ТАСС.

„Дали е можно да се помине низ толку сложен процес за 30 дена? Очигледно е дека е малку веројатно“, нагласи Песков одговарајќи на прашање за можноста за средба меѓу Путин и Зеленски пред крајот на август.

Тој рече дека ставот на Русија за завршување на конфликтот во Украина е многу добро познат. „Нашиот став е наведен во нацрт-меморандумот што беше доставен до украинската страна“, рече Песков.

Тој додаде дека во моментот нацрт-верзии на меморандумот за решавање на конфликтот во Украина се дијаметрално спротивни и дека руската и украинската страна имаат многу работа.

Зборувајќи за решението на проблемот во Појасот Газа, Песков изјави дека Русија отсекогаш поддржувала решение за палестинското прашање со две држави, пренесува „Танјуг“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Грција: бебе се задави со сувлаки – итно било префрлено во болница, но немало начин да се спаси

C +

Зеленски: Подготвени сме да купиме 10 системи „Патриот“, само треба да најдеме средства

C +

12-годишно девојче се удави во Јадранското Море: нуркала со своите врсници и била единствената што не излегла на површина, ја барале со часови

C +