Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Алијансата за Албанците: Отворена дискриминација кон албанските образовни институции

Нашите деца заслужуваат праведен, инклузивен образовен систем со еднакви можности за сите, без оглед на етничката, јазичната или институционалната припадност. За жал, она што го гледаме денес е систематска дискриминација кон албанските образовни институции и намерно исклучување од проекти, фондови и стратешки развој на образованието во државата.Отворена дискриминација кон албанските универзитети и училишта, велат од Алијанса за Албанците.

„Во конкурсот за финансирање на научноистражувачки проекти од посебен научен и општествен интерес за 2025 година (вкупен буџет од 30,4 милиони денари), само еден проект му е доделен на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, со износ од само 2,9 милиони денари.
Во рамки на реализацијата на инфраструктурни проекти со општините (вкупно 135 милиони денари):
Финансирани се само објекти во општини со мнозинско македонско население: Кисела Вода, Битола и Валандово. Со децении, наместо сериозно планирање, нашиот образовен систем прифаќаше брзи реформи кои се менуваат со секоја владејачка гарнитура , без никаква претходна анализа, научни докази, пилот тестирање и соодветна и континуирана обука за наставниот кадар.
Овие реформи се дизајнираат во канцеларија, без вклучување на експертите на терен, и затоа остануваат неприменливи или се спроведуваат делумно, оставајќи ги наставниците и учениците без јасна насока и поддршка“, велат од оваа партија.

Алијансата за Албанците бара
правично финансирање за сите универзитети и јавни училишта, без етничка дискриминација,
преглед на образовните реформи со активно вклучување на академската заедница на Албанците и сите заедници.
Формирање на независна комисија за проценка на употребата на вештачка интелигенција во образованието.

„Образованието е темелот на нашето општество. Не можеме да градиме иднина на скапани темели. Време е за правда, одговорност и образование што им служи на сите граѓани“./Извор:Makfax