Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жерновски за Лефков: Сам си падна во јамата што им ја копаше на други

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој владејачката партијата го избра да одржува серија на театрални патриотски прес конференции невешто извежбани пред огледало, сам си падна во јамата што им ја копаше на други, пишува на социјалните мрежи поранешниот амбасадор Андреј Жерновски.

„Откако параноично бараше инсталации на странски служби во државата, трагикомично посочувајќи го СДСМ како партија која е “целосно финансирана од бугарски фондови”, а мене ме нарече “домашен предавник”, веќе утредента пристигна веста дека, верувале или не, околу 20-тина од семејството Лефкови од Кочани, сите први и втори братучеди, како и неговиот брат Иван, се бугарски државјани кои поминале низ постапка во која декларирале дека имаат дедо Бугарин и дека и самите се чувствуваат како Бугари“.

Да бидам докрај искрен, вели Жерновски во напишаното, во целата моја политичка кариера досега немам видено вакви самоубијци во заседа. Просто неверојатно!

Читам утрово некој обид за демант, во кој грандиозен текст можам да пронајдам се’, само не негирање на изнесените податоци.

Него, кога сме веќе кај демантите, уште го чекаме да се произнесе “лидерот кој бил крајна цел на организираните напади” и кој, како што вели благонадежниот Миле, бил “единствената брана за македонските интереси“.

Никако “лидерот” да ни каже дали е вистина дека аплицирал за бугарски пасош.

Ајде, ќе го чекаме уште, додека не смисли нешто. А можеби и му е попаметно да молчи, отколку да дава вакви “деманти” како глумецов со длабок глас и плитки мисли“, пишува Жерновски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК