Centar.mk
СВЕТ

Воен авион се урна во училиште во Бангладеш полно со деца: има загинати

Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени кога авион за обука „Ф7“ на воздухопловните сили на Бангладеш се урна во училиштен кампус во северна Дака кратко по полетувањето, објави локалната телевизија.

По падот, авионот од кинеско производство се запалил, а според првичните информации, засега е пронајдено телото на пилотот.

„Воздухопловните сили спасија четири повредени лица и ги однесоа во болница“, изјави Лима Канам, службеник на противпожарната служба, што беше и првата информација за несреќата.

Сепак, бројот на повредени оттогаш се зголеми. Според телевизијата „Јамуна“, повредени се најмалку 13 лица, вклучувајќи ученици и студенти.

Авионската несреќа се случила во кампусот на училиштето и колеџот „Мајлстоу во Утара околу 13.30 часот по локално време, дваесетина минути по полетувањето. Несреќата се случила додека во училиштето се одвивала настава./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Врховниот лидер на Иран е преместен на безбедно место

C +

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

C +

Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб

C +