Centar.mk
СВЕТ

Џонсон: Тажен сум од слабиот интерес на Британците за Украина

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон вели дека е прилично тажен поради недостатигот на интерес за конфликтот во Украина меѓу Британците. Анкетите покажуваат дека поддршката за Украина постојано се намалува меѓу Британците.

Британците станаа порамнодушни кон конфликтот во Украина, рече поранешниот британски премиер Борис Џонсон додавајќи дека е многу тажен поради ова, пренесува „Телеграф“.

„Интересот за Украина е многу низок овие денови. Тоа го сметам за доста тажно.

Тоа е прашање број еден за мене“, рече Џонсон на настан за украинските ветерани во украинската амбасада во Лондон.

Тој исто така изрази незадоволство од постапките на сегашното британско раководство во однос на поддршката и соработката со Киев. Според поранешниот премиер, иако Лондон продолжува да игра голема улога во ова прашање, тоа веќе не е истата „лидерска, идеолошка улога“ што ја имаше претходно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Руте по нападот со беспилотно летало во Романија: НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија

C +

Светските залихи на нафта се топат, недостатокот и понатамошното зголемување на цените стануваат сè поверојатни

C +

Мајка и дете претрпеа изгореници додека бегаа од зградата во која удри руски дрон

C +