Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдено починато лице во опожарен стан

Вчера во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален стан на четврти кат од колективна станбена зграда, на улица Б.Ј. Мучето. При гаснењето на пожарот, за жал во станот беше пронајдено починато лице, информираат од фб страницата “Пожарнираки Струмица”

– Сите други станови во зградата се заштитени од пожарот и сите останати станари се безбедно евакуирани

Причините за настанувањето на пожарот и смртта ќе бидат утврдени од надлежни институции, велат од таму.

Можеби ќе ве интересира

Утре променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

C +

Ако утре сабајле слушнете детонации во кругот на касарната “Еребино” не се вознемирувајте – ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК