Соопштение на Алијанса на Албанците:
И покрај празната реторика за „борба против коцкањето“, Изет Меџити се покажува не како непријател, туку како најлојален заштитник на индустријата на игри на среќа во Северна Македонија. Во секој дел од оваа шема – од Државната лотарија, до познатите обложувалници, па сè до уништените шуми на Кожуф.
Алијансата за Албанците ја презентира пред јавноста јасната слика на опасните врски на министерот Меџити со индустријата на коцкање и предупредува за реалната закана од создавање државен монопол на коцкањето, под контрола на политички заробени структури.
Токму Изет Меџити – оној што гласно ветуваше борба против коцкањето – денес се претвора во негов најтих гарант. Наместо да ги заштити граѓаните, Меџити ја претвори Државната лотарија во чисто клиентелистичка и партиска алатка.
Само пред неколку месеци, тој го именува Ахмет Мифтари за заменик-директор на Државната лотарија, претставувајќи го како „кадар на ВМРО-ДПМНЕ“. Но фактите покажуваат дека Мифтари е близок соработник на самиот Меџити и кадар на Демократското движење. Дополнително, вклучувањето на негови роднини во Управниот одбор на Лотаријата е јасен доказ за флагрантно заробување на оваа институција за лични и политички интереси.
Уште еден скандал што ги продлабочува врските на Меџити со индустријата на коцкање е случајот на планината Кожуф, каде што компанијата на Ѓоко Стерјоски – сопственик на мрежата на казина и обложувалници „Спортлајф“ – уништува големи шумски површини, тешко оштетувајќи го биодиверзитетот и локалниот екосистем. Сето тоа се случува бидејќи молчи министерот за екологија, Изет Меџити. А тој молк не е пасивност – тоа е компромис.
Наместо длабоки и искрени реформи, владата ФЛЕН (СПИЕ) – во која Меџити има клучна улога – гради систем што го фаворизира создавањето државен монопол на коцкањето. Предлог-законот изготвен од ВМРО-ДПМНЕ и безусловно прифатен од албанските партнери, ја фокусира одлуката за лиценцирање само во рацете на Владата, исклучувајќи секој реален механизам на јавна контрола, фер конкуренција или институционална транспарентност.
Особено загрижува содржината на членот 24 од овој предлог-закон, кој јасно покажува дека нема никаков вистински интерес за затворање на игрите на среќа во близина на училиштата. Овој член предвидува:
• Казината и клубовите со автомати да функционираат во посебни простории (став 1);
• Растојанието од 500 метри од училиштата важи само за казина и електронски игри (став 2);
• Обложувалниците се исклучени од овој услов и можат да работат во близина на училишта (став 3);
• Во обложувалниците блиску до училишта се забрануваат само електронски апарати, не и самото обложување (став 4);
• Растојанието се мери од приватни компании, отворајќи простор за манипулации (став 5);
• Одлуката за растојанието ѝ се препушта на Агенцијата за катастар, а не на образовните институции или општините (став 6).
Ова е закон што не цели кон затворање, туку кон реорганизација и продолжување на животот на индустријата на коцкање во регулирана и надгледувана форма од денес веќе заробени структури – нагласува Алијансата за Албанците.
Поради тоа, АА бара реално, безусловно и итно затворање на сите форми на коцкање во близина на образовни институции и населени места, без никакви исклучоци и без простор за клиентелистичко толкување.
Борбата против коцкањето не се води со статуси на Фејсбук и со празни изјави. Се води со јасни закони, строги контроли и искрена политичка волја – не со министри кои служат како параван за интересите на индустријата на коцкање.
Наместо транспарентност и реформи, имаме клиентелизам и купен молк. Наместо заштита на јавниот интерес, имаме рециклирање на истите фигури кои со години соработуваат со олигарси и го уриваат секое чувство за правна држава.