Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска (18.07.2025) во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на х.Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од С.Д. (54), патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од Д.Р. (31) и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А..

Со возило на Итна медицинска помош С.А. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.

Увидот е во тек, а сообраќајот во тој дел кон Скопје се пренасочува зад бензиската пумпа.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Груевски добил унгарско државјанство, објави „ВиСквер“

C +