Centar.mk
Uncategorized

Вечерва земјотрес почуствуван во скопскиот регион – еве каде е епицентарот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 43 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Можеби ќе ве интересира

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА НА МВР: Кога нема мрежа, има санки – Вработени од А1 заглавија во снег над Лазарополе – не можеле да воспостават контакт со надлежните

ДЕСК

Гласаат немоќните, болните и лицата во затвор на Повторните избори

ДЕСК

Обилните врнежи на дожд направија многу проблеми низ Македонија – Каде е најкритично вечерва?

ДЕСК