Centar.mk
copyright J.S.
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Платите не растат, граѓаните едвај врзуваат крај со крај

Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 лидерот на СДСМ Венко Филипче се осврна на економијата и животниот стандард на граѓаните, кој според него е сериозно нарушен.

“Луѓето сакаат систем, има ли систем во платите? Има ли раст на платите? Нема раст на минималната, нема раст на просечната плата. Минималната плата треба да биде 30.000 денари, а не е толку. Луѓето не можат да врзат крај со крај. Ние воведовме систем и минималната плата ја зголемивме неколку пати и согласно закон денес таа изнесува 24.000 денари а беше 8.000. Дали е законот бетон, не е и тој треба да се менува согласно потребите на луѓето. Дали има повисока инфлација од минатата година? Да, има. Дали трошоците за живот пораснаа? Да, пораснаа за 20%. Инфлацијата е поголема од растот на БДП“ порача Филипче.

Тој потсети дека СДСМ предупредувала дека со линеарното зголемување на пензиите, ќе се загрози стабилноста на пензискиот фонд.

„Владата не слушаше и сега нивните владини функционери велат пензискиот фонд е во ризик“ истакна лидерот на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК