Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Имав многу добар разговор со Трамп, му се заблагодарив за неговата подготвеност да ја поддржи Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина, додавајќи дека се согласиле да разговараат почесто во иднина за да ги координираат своите чекори.

„Беше многу добар разговор. Му се заблагодарив на Трамп за неговата подготвеност да ја поддржи Украина и за понатамошна соработка за да се запре убивањето и да се воспостави траен и праведен мир“, напиша Зеленски на Телеграм.

Зеленски рече дека тој и Трамп се согласиле да разговараат почесто за да ги координираат чекорите во иднина.

Трамп вчера им рече на новинарите дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин и „многу незадоволен“ од Русија, додавајќи дека сака војната во Украина да заврши.

„Ќе произведуваме врвно оружје и тоа ќе биде испратено во НАТО“, рече Трамп, додавајќи дека сојузниците на Вашингтон во НАТО ќе платат за оружјето. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја потврди изјавата на Трамп и ја опиша како „сосема логична“, според медиумите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Израел ги засилува нападите врз Либан: Повеќе од 30 загинати и десетици повредени

C +

Руски гувернер: Украина го нападна Севастопол со ракети „Storm Shadow“

C +

Туристка поднела тужба против хотел во Италија: ѝ наплаќале седум евра за вода, а не ѝ давале од чешма – судот пресуди

C +