Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Внимавајте: Скопјанка остана без повеќе од 4.000 евра по ваква измама

На 07.07.2025 во 18.45 часот во СВР Скопје, 84-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 261.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати.

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +

(Видео) Комеморацијата заврши со „63 ангели”, песна за згаснатите животи

C +