Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожарникар кој извршувал работни задачи тешко е повреден, откако паднал од четирицикл

На 07.07.2025 во 10.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на место викано „Жејковац“ во атар на с.Бразда, пожарникарот Б.И.(48) од с.Средно Коњари, скопско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако паднал од четирицикл.

Според пријавеното, додека се превезувал со четрицикл, управуван од волонтер, од една на друга локација со цел преземање на мерки за гасење на пожарот, паднал и се здобил со повредите, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК