Centar.mk
ЛОКАЛНО

За седум дена санкционирани 82 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Скопје,07.07.2025 – ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 29.06. до 06.07.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 82 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Можеби ќе ве интересира

БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Прекин од 9 часот, не е утврдено кога ќе завршат работите

ДЕСК

СКОПЈЕ ГИ ПОВИКУВА НАЈМЛАДИТЕ – Новогодишните желби ќе се собираат од утре

ДЕСК

Зголемен возниот парк на комуналното претпријатие во Општина Илинден

ДЕСК