Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Во Охридското Езеро жестока контрола на полицијата – 7 капетани биле под алкохол

Во текот на вчерашниот ден во заедничка контрола на инспектори од Капетанија на Пристаништа Охрид, Езерската полиција како и од Полициска станица Охрид, направени се зајакнати мерки и активности согласно Законот за Внатрешна пловидба во период од 14 до 20 часот.

Контролирани се 13 пловни објекти и 13 физички лица, притоа констатирани се 22 прекршоци според Законот за Внатрешна пловидба.

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07 промили алкохол во крвта.

За констатираните прекршоци изготвен и поднесен е соодветен службен материјал.

Информираме дека Капетанија на Пристаништа Охрид во соработка со Езерската полиција и во наредниот период ќе ги засили инспекциските контроли и затоа апелираме навремено да се извршува регистрација на пловините објекти и строго да се почитуваат правилата и прописите за безбедна пловидба.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +