Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за двајца кавадарчани, набавиле амфетамин во Скопје, да го продаваат во Кавадарци

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.С.(39) и Т.А.(38), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ – по член 215 став 1 од КЗ на РСМ.

Според документираните сознанија пријавените на 03.06. годинава од непознато лице во Скопје набавиле 185,4 грама наркотична дрога „амфетамин“, наменета за продажба. При транспорт, со патничко моторно возило „Форд“, со кавадаречки регистарски таблички, управувано од Т.А. (а С.С. бил сопатник) на подрачјето на општина Росоман, биле сопрени од полициски службеници кои што дале знак за запирање на патничко возило. Меѓутоа тие не застанале се дале во бегство а С.С. ја фрлил од возилото наркотичната дрога. Меѓутоа набргу биле запрени и при преглед, кај С.С. била пронајдена 1.18 грама опојна дрога „амфетамин”. По преземени оперативни мерки и активности фрлената дрога е пронајдена и одземена.

Можеби ќе ве интересира

СО ДРОНОВИ ЌЕ СЕ БАРААТ КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА – Следната недела почнува спроведувањето на акцискиот план

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Талогот на СДС може мирно за спие, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува конкретни мерки за младите, и за вработување и за стекнување на свој дом

ДЕСК

НОВИ ПРАВИЛА ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ОД 1 ДЕКЕМВРИ – За отсуство подолго од пет дена ќе биде потребен специјалистички извештај

ДЕСК