Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се’ уште активен е пожарот кај Блаце

Во општина Чучер Сандево, помеѓу селата Блаце и Чучер, каде гори мешана шума и ниска вегетација, екипите за гаснење се сè уште на терен и активно интервенираат.

Еден крак од пожарот е пресечен и изгаснат, но останува уште еден активен крак кој се шири кон сосема непристапен ридско-планински терен.

Интервенцијата е отежната бидејќи пожарот зафатил голема површина.

Се вложуваат максимални напори за да се стави ситуацијата под контрола.

Можеби ќе ве интересира

УАПСЕН ОБЕЗБЕДУВАЧ НА КАЗИНО ВО ТЕТОВО – Спречувал полициски службеници при службени дејствија

ДЕСК

УАПСЕН 26-ГОДИШНИК ВО ТЕТОВО – Пронајдена марихуана, измерени и 1,34 промили алкохол

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ВОЗАЧ ВО ГРАДЕЦ – Омаловажувал полицајци, измерени му 0,76 промили алкохол

ДЕСК