Centar.mk
Screenshot / МВР видео
МАКЕДОНИЈА

Се апсат лица кои возат под дејство на алкохол

На 06.07.2025 во 21.40 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода лице(65) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувало лицето и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.81 промили алкохол во крвта.

На 07.07.2025 во 01.10 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишија од слобода лице(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал мажот и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.95 промили алкохол во крвта. По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

ПРИЈАВА ЗА МИЛИОНСКА ПРОНЕВЕРА ВО ТЕТОВО – Управител осомничен за присвојување пари од јавни давачки

ДЕСК

СУДОТ ПРИФАТИ НОВИ СВЕДОЦИ ЗА „ПУЛС“ – Сослушувањето во предметот за деветтемина полицајци е предвидено за 17 ноември

ДЕСК

РЕДИЦИ ПРЕД АЛТА БАНКА ВО БИТОЛА – Почна исплатата, Итната помош интервенираше кај граѓани

ДЕСК