Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Доаѓа значителен пад на температурите и дожд – Подгответе се!

Утре ќе се задржи многу топло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.

Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).

Во среда, а особено во четврток поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) ќе има значително опаѓање на дневната температура.

Во среда претежно во северните делови ќе има повремен дожд. Од петок температурата ќе биде во постепен пораст.

Прогноза за 09.07.2025
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 37°C

Сончево и малку посвежо со мала до умерена облачноста. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец. Претежно во северните делови ќе има услови за локален дожд.

Прогноза за 10.07.2025
Минимална температура: 9°C до 20°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 11.07.2025
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

ПУКАНО КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ГАЗИ БАБА: Скопјанец приведен по бегство

ДЕСК

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК

Врнежи од дожд во Куманово, пороен дожд во Дојранскиот регион

ДЕСК