Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатури на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за 1о општини. Пред две недели беа објавени 19 кандидидати за градоначалници.
Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Филипче:
„Дозволете да информирам за одлуката на Извршниот одбор за кандидатури за градоначалници во уште десетина други општини, и согласно најавата како ќе се потврдуваат кандидатурите, ќе ја известуваме јавноста.
Во општина Пехчево кандидат за градоначалник ќе биде Златко Николовски, член на Централниот одбор. Во општина Босилово, Мариче Кармазичева. Понатаму за Куманово организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски.
Во Карбинци Љупка Соколовска, во Василево, Ванчо Новоселски. Во Сопиште претседателот на општинската организација, Звонко Васев.
Понатаму кандидат за градоначалник во Јегуновце ќе биде Дарко Блажевски, градоначалник во претходниот мандатот од 2017 до 2021 година. Во Охрид кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација, д-р Асен Шајн. Во Демир Хисар, Златко Кузмановски, претседателот на општинската организација. Во Струмица, кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски и во Дебарца исто така претседателот на општинската организација, Љупчо Паункоски.
И овој процес на селекција, исто како и претходниот, ги следеше истите критериуми, анализа на резултатите од анкетите, разговори бројни со членови на општинските организации.Еден навистина инклузивен процес кој што вклучуваше многу луѓе кои придонесоа во најпрво предлагањето после и селекција на кандидатите за градоначалници. Ќе продолжиме понатаму во следните две недели, јас верувам дека некаде околу две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат веќе потврдени од страна на Извршниот одбор и за тоа ќе ја известиме јавноста“.