Centar.mk
СВЕТ

Tрамп објави прекин на огнот: „Примирјето е во сила, ве молам не го кршете“

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран.

„Примирјето сега е во сила, ве молам не го кршете! Доналд Џ. Трамп, претседател на САД“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп првично околу полноќ ја сподели информацијата за постигнато примирје, но Иран негираше и истрела нови проектили. Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, по првичната објава рече дека во оваа фаза нема договор за прекин на огнот и дека иранските вооружени сили ќе продолжат да се борат до последен момент. Сепак, тој рече дека Иран е подготвен за примирје доколку Израел ја прекине својата нелегална агресија врз иранскиот народ најдоцна до 4 часот наутро по Техеран.

Во текот на ноќта Иран истрела ракети кон Израел, при што загинаа четири лица, според последните информации.

Подоцна иранската државна телевизија објави дека прекинот на огнот стапил во сила./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ЗА ДДВ-ИЗМАМА – Двајца во Германија добија по седум години затвор

ДЕСК

ГОЛЕМА ПОДЕЛБА ВО АМЕРИКАНСКОТО ЗДРАВСТВО – CVS најави создавање две одделни компании

ДЕСК

ЈУЖНА АФРИКА ГЛАСА ЗА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ – Регистрирани се 29,2 милиони избирачи

ДЕСК