10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Тотално уништување на иранските нуклеарни објекти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали ефектот од американските напади врз иранските нуклеарни објекти, иако според прелиминарните извештаи се доведува во прашање дали САД успеале да уништат поголем дел од збогатениот нуклеарен материјал на Иран.

„Монументална штета е нанесена на сите нуклеарни објекти во Иран, што е потврдено со сателитски снимки“, напиша тој доцна во неделата навечер на Truth Social.

„Тотално уништување е точниот термин! Белата структура на сликата е длабоко закопана во карпата, дури и нејзиниот покрив е под нивото на земјата, целосно заштитен од пламен. Најголемата штета се случила длабоко под површината на земјата. Погоден во центарот!!!“, напиша Трамп.

САД нападнаа три клучни ирански нуклеарни објекти рано наутро во неделата по локално време. Трамп тврди дека операцијата ги уништила локациите, но американските претставници сè уште проценуваат колку бил сериозен ударот врз нуклеарната програма на Иран.

Си-Ен-Ен вчера објави дека не изгледа дека САД ги употребиле своите најмоќни бомби против еден од трите нападнати објекти, што покренува прашања дали операцијата воопшто е завршена./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

C +

Конструктивен беше состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, вели Зеленски

C +

Макрон: Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците

C +