7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија економски е понижена!

Соопштение на СДСМ – интегрален текст:

По една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна. Македонија економски е понижена.

Живеачката на луѓето e сè потешка од ден во ден, стандардот е уништен, граѓаните се оставени сами на ударот од енормните поскапувања, додека постојано го чувствуваат падот на куповната моќ гледаат како власта аздисува и се луксузира.

Растот на платите е целосно закочен, цените на основните производи расте. Народот едвај врзува крај со крај. Додека народот живее на раб на егзистенција, функционерите на власта се расфрлаат со луксуз – летаат со приватни авиони, трошат на скапа храна, папаја, манго, уживаат во хотели од соништата.

Тоа е тажната реалност денеска после една година Влада. ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја втурнаа државата во длабока економска нестабилност.

Иако власта упорно сака да уверува дека економијата расте, фактите говорат поинаку. Инфлацијата изнесува речиси 4.5%, а економскиот раст едвај достигнува 2.6%. Земјата за првпат има негативен економски резултат полош и од воената 2001 година.

Владата живее во паралелна реалност, убедувајќи дека сме „економски тигар“ и дека куповната моќ е поголема од европската, додека реалноста покажува сосема спротивно Македонија е на дното во Европа и по висина на плати и по животен стандард, како економски глушец.

Ова не се политички конструкции, туку податоци од најреномираните европски институции, кои потврдуваат дека Македонија се движи во погрешна насока.

Наместо горди работници со европски плати со владата на ВМРО-ДПМНЕ имаме понижени работници со најниски плати во Европа.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК