Centar.mk
СВЕТ

Иранска агенција: Нападната е американската база во Сирија

Американска воена база во Сирија била цел на минофрлачки напад, јавува иранската агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори.

Агенцијата наведува дека информирани извори објавиле дека нападот бил извршен врз американската база лоцирана во западниот дел на сириската провинција Хасака.

По нападот, според истите извори, биле воведени засилени безбедносни мерки на главниот влез во базата.

Се наведува дека засега нема информации од каде дошол нападот.

Дополнително се тврди дека по гранатирањето, американскиот контингент стациониран во базата бил ставен во состојба на готовност, подигнати се неколку американски хеликоптери, а американски војници ја пребарале областа околу објектот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ЗА ДДВ-ИЗМАМА – Двајца во Германија добија по седум години затвор

ДЕСК

ГОЛЕМА ПОДЕЛБА ВО АМЕРИКАНСКОТО ЗДРАВСТВО – CVS најави создавање две одделни компании

ДЕСК

ЈУЖНА АФРИКА ГЛАСА ЗА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ – Регистрирани се 29,2 милиони избирачи

ДЕСК