Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Затворен аеродромот во Тел Авив, македонската амбасада во Израел соопшти дека активна е само морска рута

Воздушниот простор на Израел како и аеродромот, се затворени, а планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен. Македонската амбсада во Израел информира дека постои најава за отворање на аеродромот, денес 22 јуни, од 14.00 часот.

Од Министерството за туризам на Израел добиена е информација дека функционира морската рута од Ашдод до Лимасол (Кипар) (компанијата “Mano Shipping”).

„Следниот брод со слободни места “Crown Iris” планирано да отпловува од Ашдод на 27 јуни (петок). Можете да купите карти директно од веб страната на компанијата“, велат од амбасадата.

За македонските државјани кои немаат никаков валиден пасош, се упатува молба да се обратат до амбасадата за добивање на Патен лист./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК