Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Трајковски: Наместо ветените 12%, наставниците добија само 5% СДСМ ги покачи платите за 53%

Еден од најосетливите и најважни аспекти во образованието се платите на наставниците. Во својата предизборна кампања, ДПМНЕ ветуваа достоинствени плати и вреднување на трудот. Но, што добија наставниците во реалноста? Наместо најавеното покачување од 12%, тие добија 5%, а остатокот дури неколку месеци не беше исплатен, со што наставниците практично беа во услови на годишна криза, рече професорот Петре Трајковски, од трибината „Македонија понижена – Една година Влада“.

Тој потенцираше дека кога трошоците за храна, животните трошоци и цените на продуктите растат на пазарот, наставниците се ставени во позиција која навистина ги оневозможува да функционираат нормално во дадениот образовен систем.

-За разлика од платите во другите ресори каде што согласно минималецот платата се зголемува, кај наставниците упорно платата стагнира. Владата очигледно не разбира дека платата не е само бројка – тоа е одраз на вреднување, стабилност и мотивација на наставниците. Наставниците се темел на секоја реформа, а денес се демотивирани, економски притиснати и професионално деградирани, потенцираше Трајковски.

Додека владата предводена од СДСМ во континуитет ги зголемуваше платите, односно за седум години ги зголеми за 53%, притоа обезбедувајќи годишен регрес за наставниците, како и законска регулација на платите, новата власт се обидува да купи време со делумни зголемувања и разни изјави за разликата во џебот, но уште повеќе ја загрозува достојноста.

-Кога ќе направиме споредба со претходниот период, не можеме да не ја споменеме севкупната заложба на владата предводена од СДСМ. Затоа, наша обврска не е само да критикуваме, туку и да понудиме визија – со јавна транспарентна расправа, вклучување на стручната јавност, враќање на довербата во институциите и цврста заложба за наставниот кадар, учениците и сите чинители во образовниот процес, за да се избориме за образование кое ќе биде алатка за еднакви шанси, а не само привилегија за неколкумина, рече Трајковски.

Можеби ќе ве интересира

МИРЕН ВИКЕНД, А ПОТОА НЕВРЕМЕ НОСИ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И СТУД – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Одбележана „25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1325 за Жени, мир и безбедност

ДЕСК

Раззеленети првите два училишни двора избрани на dm конкурсот „Зелена иднина: Од градинка до училиште“

ДЕСК