Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Влада: Ја зголемуваме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија

-На 50 училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели, информира Владата.

„Неповратен грант од 1.1 милион евра за инвестирање во обновливи извори за енергија, склучи Министерството за образование и наука со Банка за развој при Совет на Европа.

Со ова не само што заштедуваме финансиски трошоци, туку и добиваме можност средствата да ги реинвестираме во други инфраструктурни проекти, дигитални помагала за учениците во училиштата, како и за учебници.

Нашата заложба како Влада е да ја зголемиме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија.

Со конкретни чекори, мерки и проекти, не само што заштедуваме буџетски средства, туку и придонесуваме за намалување на загаденоста на животната средина.

Владата работи со визија и цел, а тоа е подобрување и унапредување на образовниот систем.

Се обврзавме пред граѓаните, реализираме и исполнуваме.

Државата е на патот на промените.“ – се вели во владиното соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК